Финансиска донација за Министерствoто за здравство од маркетерите на Lyconet

Во ситуација кога државата се справува со еден од најтешките предизвици досега, независните маркетери на Lyconet (Лајконет) во Македонија одлучија да се солидаризираат со здравствените работници во борбата против коронавирусот со тоа што доброволно донираа дел од својата месечна заработка, односно вкупно 10.000 евра за потребите на Министерството за здравство.

 Овие средства се префрлени на сметката на Министерството за здравство како своевидна поддршка на активностите кои се во насока на поефикасно и побрзо справување со епидемијата предизвикана од коронавирусот. Идејата e покрената и реализирана од страна на независните маркетери на Lyconet, и со овој чекор, маркетерите ја изразуваат својата граѓанска одговорност, а се одлучија за овој хуман гест, бидејќи според нив, Министерството за здравство и борците во белите мантили се главниот столб од кои зависат животите на сите нас.

 Инаку, Lyconet како бренд, кој се занимава со мрежен маркетинг, е основан во 2014 година, а моментално брои повеќе од 1.000 активни независки маркетери само во нашата држава. Лајконет Македонија ДООЕЛ Скопје е членка на Lyconet Групацијата чие главно седиште се наоѓа во Виена, Австрија. Оваа меѓународна компанија е активна на 49 пазари ширум светот, како глобална платформа за водење на сопствена лојална програма. Lyconet брои околу 350.000 маркетери, физички и правни лица, кои работат како независни агенти, кои користејќи го мрежниот маркетинг како канал и начин за промовирање и продавање на производи, напредуваат во својата кариера. Воедно Lyconet маркетерите се и дел од продажната сила, како и составен дел од маркетинг стратегијата, на компанијата myWorld Македонија (мајВорлд), како и амбасадори на нејзиниот бренд - Cashback World (Кешбек Ворлд).

 Маректерите на Lyconet ја користат оваа прилика, на сите здравствени работници да им посакаат добро здравје и што побрзо справување со пандемијата на коронавирус, а на граѓаните на државата им порачуваат да останат дома и да ги следат препораките на надлежните институции.