“ФИЛМАЈ” фестивал на краток филм во Куманово

Фестивалот на краток филм "ФИЛМАЈ" 2024 во Куманово ќе се одржи на 29 и 30 мај (среда и четврток) во Занаетчискиот дом – Куманово, со почеток во 20 часот. Влезот е бесплатен.

На фестивалот ќе се прикажат наградените филмови: филипинскиот „Жими сè најмило“ на Сам Манакса, чешкиот „Морска сол“ со директор на фотографија Захер Јуреидини, шпанскиот „Синкопат“ (Шпанија) од Пол Диглер и Рамон Лазаро, македонскиот „Само ѓаволот се плаши од вода“ на Лидија Мојсовска и рускиот „Девет сантиметри“ (Русија) како најдобар краток филм.

Дополнително, ќе се прикажат и 11 избрани филмови. Жирито го сочинуваат Матеј Матијевиќ (режисер и сценарист), Александар Арсовски (продуцент) и Антонио Димитриевски (актер).