Филипче: Зоран Заев и Христијан Мицкоски во задолжителна домашна изолација

Претседателите на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ ќе одат во задолжителна домашна изолација затоа што во текот на минатата недела биле во контакт, односно биле присутни на интервју со новинар кај кој е утврдено присуство на коронавирусот. Ова на денешното обраќање го соопшти министерот Филипче.

Тестови се направени кај двајцата политичари.  Резултатот на Христијан Мицкоски е негативен, но тој останува во домашна изолација. Резултатот на Зоран Заев ќе биде готов во денешниот ден, но и тој по добивањето на информациите е ставен во домашна изолација, додаде Филипче.

Новинарот е во добра здравствена состојба и е на лекување во болницата 8-ми септември.