Филипче: Одлуката за отворање на границите во текот на следната недела

Земјите од регионот во текот на наредната недела треба да одлучат за слободен премин и отворање на границите, најави министерот за здравство Венко Филипче во емисијаата “ Патот кон“на Алсат-М.

Иако ставот на здравствените власти беше ист и минатата недела, промената на режимот на слободно движење на граѓаните од регионот ќе има епилог на следната „on-line“ средба меѓу земјите од Западен Балкан, Бугарија и Грција.

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека од причина што епидемиолошката состојба е слична во целиот регион, регионалните власти најавиле координативен совет за заедничко дејствување во донесувањето одлуки за борба против пандемијата. Претходно треба да се укине условот за ПЦР тестот за да се премине границата.

Пред една недела, Филипче се сретна со министерот за здравство на Косово, Арменд Земај, кој рече дека за границите ќе се одлучува оваа недела. Но тоа не се случи.

Тогаш беше кажано дека укинувањето на ПЦР негативниот тест може да се замени со серолошко тестирање, брз 15  минутен тест на граница или дури и целосно укинување, само со носење маски и средства за дезинфекција.