Филипче: Нема препорака за мешање на различни вакцини

Дали може вакцината и ревакцината да бидат од различен производител, е една од најчестите дилеми на граѓаните. 

„Нема препорака да се мешаат вакцините. Како за првата доза истиот производител треба да биде и за втората доза. И тоа се официјалните препораки на сите производители. Немаме официјална препорака дека може да биде вакцина од еден тип за прва доза и друг тип за втора доза“, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Во врска со ограничениот број на моментално достапни вакцини, министерот смета дека вакцинацијата нема да запре, бидејќи пристигнуваат нови дози Фајзер, сношто преку ковакс-механизмот, а во следните денови донации од Бугарија и Грција. 

Исто така, очекува и поголем интерес од страна на граѓаните над 60 години.