Февруари носи среќа за три хороскопски знаци

Февруари е најкраткиот месец од годината, а според многу астролози, тој е посебен бидејќи во него нема ниту една ретроградна планета.

Photo by Davies Designs Studio on Unsplash

Освен тоа, ни доаѓаат 2 важни астролошки настани, а тоа се преминувањето на Меркур во Водолија на 11 февруари и преминувањето на Венера во Овен, на 20 февруари.

Ако се фокусираме на периодот од 11-28 февруари, ќе забележиме дека планетите им се наклонети на Близнаците, Девиците и Водолиите. 

Луѓето кои се родени во овие три хороскопски знаци ќе бидат особено финансиски успешни. Ве очекуваат одлични можности за заработка, но и купување големи работи, нешто што сте го планирале одамна. Родените во овие знаци кои работат на полињата поврзани со консултации, психологија и образование ќе бидат особено успешни. 

Комуникацијата ќе ви биде најсилна страна. Освен тоа, ве очекува и позитивна енергија, мотивација и продуктивност што ќе ви помогне да го остварите замисленото.