Фејсбук револуција против административците - Ако седат дома ќе заштедиме струја!

Предлог мерката на Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) јавниот сектор да работи два часа помалку наиде на жесток одговор од граѓаните.

Бурни реакции откако КСС предложи административците да работат од 9 до 15 часот, кога има најмногу дневна светлина и кога е најтопло во текот на денот, со цел заштеда на електрична енергија.

Нека не одат на работа воопшто, нека работат ноќна смена на евтина струја, џабе одат на работа ... се дел од коментарите на јавноста која иронично ја коментира нивната (не) работа!

Еве каква револуција се крена против вработените во јавниот сектор:

-Таман ќе бидат наспани. Од 9ч ќе одат до 10 ќе се спремаат да почнат, па ќафе, па појадок па пауза, па до тоалет и оп 15ч домче!

-Поради заштеда на буџетски средства да добијат помала плата за еден саат помалку работа.

-Затоа приватниот сектор, ќе надокнади за загубите, и со работа и со плаќање струја.

-А зошто така.....па ноќеска нека работат на евтина тарифа.

-Јас би ги оставила два саат идневно да работат. Толку работат реално во просек. Искрено 70% од административците би ги оставила дома да седат, а останатите може и 4 часа дневно.

-А ние што работиме од 8 до 16ч како да завршиме некоја работа? Јавниот сектор затоа е ЈАВЕН СЕКТОР за да ги опслужува сите граѓани, а не само пензионерите. -Најдете друг начин на штедење, намалете го бројот на вработени.

-До 10 е најубаво. Тамам да испијат кафе, да поозборуваат и на пазар, како секогаш.

-А ние што работиме од 8 до 16 ќе имаме ли право да завршиме свои работи во јавен сектор?! Или ќе бараме слободен ден за во јавен сектор, слободен ден за на нотар, слободен ден за во банка ... и на крај ќе не' избркаат од работа!

-Која од која одлука и предлози, се повеќе го иритира народот. До кога ќе има двојни аршини и селективност.

-Јас мислам еднаш на две недели да одат на работа, и тоа во недела, по можност, заради штедењето, нели, и платата да им се зголеми, зашто се заслужни и пример како се штеди.

-Нека работат од 22-06ч, на евтина струја, ние ќе се адаптираме, како и до сега, на нивното неработење....

-Дека се преработија од 8 до 16! Дно од држава, распад на системот, а ако повладеете уште малку ќе ја снема и државата во целост! Со ваков јавен сектор, тешко и дека би можела да опстане!!

-Нема проблем, јавен сектор нека жртвуваат два часа помалку работа само за да можеме ние од приватниот сектор да одработиме фул работно време. Стварно мислите на нас, секоја чест и благодарам!