Фатени двајца крадци на дело во Прилеп

Вчера, во Прилеп приведени биле двајца мажи кои биле фатени како извршуваат кражба.

Во извештајот на Министерството за внатрешни работи (МВР) се наведува дека на 12.07.2022 во 12.20 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Ќ.Ш.(40) и Р.А.(43), двајцата од Прилеп. Тие биле затекнати при кражба на предмети од фабрика на ул.„Александар Македонски". 

Одземените предмети биле вратени на сопствениците, а по документирање на случајот против двајцата ќе следува соодветна пријава.