Фатени дрвокрадци во Штип и Кочани

Полицијата вчера доцна попладнето на патот Штип кон селото Шашаварлија затекнала превретено патничко возило „застава“ без регистерски таблички. Возилото било натоварено со огревно дрво без соодветна документација.

Возилото со огревните дрва е одземено и предадено на Шумска полиција. Во овој дел на Општина Штип  граѓаните постојано алармираат на дива сеча на шумата, а лицата кои тоа го прават се со моторни пили, а за транспорт на дрвата користат стари возила без регистерски таблички, кои може да се забележат во населбите Света Недела, Радански Пат, Дузлачки Рид, како и во Сењак.

Акција заедничка имале и полицијата од ОВР-Кочани заедно со Шумската полиција. При контрола на патничко возило  „исузу“, со винички регистарски ознаки, управувано од  30-годишниот Е.А.од Виница, пронашле огревни дрва  без соодветна документација. Од страна на Шумска полиција дрвата и возилото биле одземени за понатамошна постапка.