Полицијата во Охрид вчера приведе 38-годишен жител на Дебар откако бил фатен жив како се обидува да украде велосипед пред влез на зграда.
„Синоќа во 20 часот, на улицата „Никола Карев“ во Охрид, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи – Охрид го лишија од слобода Ш.Р.(38) од Дебар. Тој бил затекнат при обид да одземе велосипед пред влез во зграда на истата улица“, информираше Стефан Димоски, портпарол на СВР-Охрид.
Според него по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.