Вчера во 16.45 часот на место викано „Солунски пат“, во близина на границата со Р.Грција, полицијата го уапсила 31-годишниот Ј.М. од село Синѓелиќ, скопско поради обид да превезе шест мигранти.
„Со патничко возило „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, превезувал шест лица-мигранти, од кои пет од Кина и еден од Пакистан. Известен е јавен обвинител од ОЈО за ГОКК Скопје и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, а мигрантите биле пренесени во Прифатно-транзитен центар „Винојуг“-Гевгелија и Прифатниот центар за странци-Гази Баба во Скопје“, велат од МВР.