Фантазијата е поважна од знаењето - Денеска е светски ден на учителот

Денеска е Светски ден на учителот. Моќта на образованието е непроценлива за едно општество! 

Во продолжение неколку мудри мисли за учителите! 

„Исто како што никој не може да ги види боите како што јас ги гледам. Исто како што никој не може да ја слуша и ужива музиката како што јас тоа го правам. Исто како што никој не може да го почувствува она што јас го чувствувам кога некого држам за рака. И како што никој не може да го почувствува светот како што јас го гледам светот околу мене. Исто така и никој не може да ме научи како да учам“. - Жан Жак Русо

„Вистинските педагошки чекори и мерки никогаш не се реализираат преку програмата, ниту пак од теоријата, туку тие настануваат преку способноста на учителот да ја развие својата интуиција и да го наслушнува она што се случува кај детето, да го истражува она што детето го носи со себе и она што е најдобро за него“.

„Не е знаење да се знае туку тоа знаење да знаеш да го дадеш.“ – Народна поговорка

„Душата оздравува кога е со деца.“ – Достоевски

„Искуството е најдоброто училиште. Само школарината е прескапа.“ – Сократ

„Тој што ќе заврши со учењето, завршува со својот развој.“– Руска поговорка

„Корењата на учењето се горки, но плодовите се слатки.“ – Аристотел

„Ако учителот постојано користи исти стратегии, а ученикот е постојано неуспешен, кој од нив двајца всушност побавно учи?“– Е. Јенсен

„Фантазијата е поважна од знаењето.“ – А. Ајнштајн

„Тој што сака да научи ќе најде начин, тој што нема да сака ќе најде изговор.“ – П. Пикасо