СВР Скопје поднесе кривична пријава против 58-годишниот С.В. од Скопје поради сомневање за фалсификување на сертификати.
„Имено пријавениот , приложувал фалсификувани ISO сертификати, со кои во временски период од 2020 до 2022 година, како правно лице учествувал и добивал работа на огласи за јавни набавки“ се вели во билтенот на МВР.
Од тие причини му е поднесена кривична пријава за кривично дело „злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство“