Европската унија бара забрана на IQOS уредите

Европската комисија во текот на минатата недела предложи да се забрани употребата на ароматизирани IQOS уреди кои го загреваат тутунот. Вакви предлог доаѓа поради загриженоста за нивната зголемена популарност и здравствените ефекти од нив, пренесува италјанскиот весник the journal.

„Кај девет од десет пациенти ракот на белите дробови е предизвикан од тутун и поради сакаме да го направиме пушењето што е можно понепривлечно за да го заштитиме здравјето на нашите граѓани и да спасиме животи“, изјави комесарката за здравство на ЕУ, Стела Киријакидес.

Комисијата која претставува извршно тело на ЕУ смета дека забраната е дел од нејзината амбиција да се намали употребата на тутун во блокот од 27 земји на помалку од 5 отсто од населението до 2040 година.

Ароматизираните производи кои го загреваат тутунот како што се IQOS уредите и никотинската течност за уредите за испарување, може да имаат широк спектар на вкусови како што се ментол, цреша или грозје за кои критичарите велат дека помагаат да се привлечат помлади корисници.

Неодамнешниот извештај на Комисијата ја осуди зголемената продажбата на уреди за загреан тутун со вкус во ЕУ, давајќи и право да го прошири постоечкиот закон од 2014 година за забрана на тутунски производи.Во извештајот, исто така, се вели дека конзервативната проценка за 2020 година покажува дека уделот на малопродажбата на овие производи е 3,33 отсто од сите тутунски производи во ЕУ.

Предлогот сега ќе биде под лупа од 27 влади на ЕУ, како и од Европскиот парламент и ќе стапи на сила доколку не се соочи со приговори.