ЕВН нема да искучува за неплатени сметки во овој период

Евн нема да  ја исклучува  струјата на граѓаните,   додека траат превентивните  мерки за  заштита од вирусот, уверуваат од компанијата. Од таму апелираат до  корисниците ако не им е итно да не доаѓаат во пунктовите на компанијата,  а оние кои се во можност да ги користат електронските услуги. Поради превенција ,  привремено ќе бидат затворени приемните  канцеларии во Дебар и Гостивар.

Тврдат  дека испораката на електрична енергија се одвива нормално и целонсо се покриваат потребите.

И од агенцијата за вработување ги информираат невработените  дека нема да бидат избришани од евиденција ако во овој период не се регистрираат  во системот.

Агенцијата за вработување ги информира невработените лица да го одложат редовното пријавување во центрите за вработување во термините што им биле утврдени на последното редовно пријавување сè до истекот на важење на донесените мерки – 24 март.

По истекот на овој период, невработените треба да се јават во центрите за вработување за продолжување на нивното редовно пријавување. Во случај на продолжување на заштитните мерки од страна на Владата, невработените лица ќе бидат дополнително известени, се вели во дописот од  агенцијата.