Еве кои филмови се на репертоарот на Кино Милениум од денеска до 26. јануари!

Во Градско Кино „Милениум“ на репертоарот од 20 до 26 јануари се филмовите „Електричниот живот на Луј Вејн“, „Мечокот од север: Клучевите од кралството“, „Матрикс: Воскреснувања“, „Волкот и лавот“ и „Човек-Пајак: нема пат до дома“.

Билетите по цена од 200 денари се достапни на билетарница во кино Милениум.

Цената се однесува на сите филмови, освен детските („Мечокот од север“ и„Волкот и лавот“) чија цена изнесува 150 денари.