Еве како изгледа првата вакцина против коронавирусот

Како изгледа првата #вакцина против #коронавирусот, која денеска беше регистрирана во #Русија.


Вакцината, изработена од московскиот институт Гамалеја, денеска доби зелено светло од руското Министерство за здравство.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија ја регистрирала првата вакцина против коронавирусот.

– Утрово за првпат во светот е регистрирана вакцина против коронавирусот, рече Путин на средбата со членовите на Владата.

Рускиот претседател изрази надеж дека со време ќе се појават повеќе вакцини против коронавирусот.

– Една од моите ќерки ја прими вакцината. Во оваа смисла, таа учествуваше во експериментот. По првото вакцинирање, таа имаше температура од 38, следниот ден – 37 и тоа беше сè, рече Путин.