Еве како беше пречекан 19-годишниот херој Јован Костадинов од Виница кој спаси повеќе од 20 деца во големиот пожар во Кочани

Деветнаесетгодишниот херој Јован Костадинов од Виница кој без многу да му ја мисли влетал во огнот во дискотеката во Кочани и успеа да спаси повеќе од 20 деца беше пречекан како херој во родниот град.

Младиот херој, како што го нарекуваат, во училишниот двор беше пречекан од соученците со аплаузи, транспаренти и прегратки. Горди на него, учениците и наставниот кадар му посакаа топло добредојде.