Еве каде било најстудено утрово и каде паднале најмногу снег и дожд

Утринава најниска температура од -5 степени била измерена на Попова Шапка, како и највисока снежна покривка.

Следуваат со -4 степени во Крива Паланка, -3 во Скопје-Петровец и Демир Капија, -2 во Битола, Крушево, Кавадарци, Куманово, Маврови Анови, Струмица и Прилеп, додека -1 степен е измерен во Скопје на Зајчев Рид, Велес, Штип и Берово. Нула степени се регистрирани во Претор, Охрид, Тетово и Виница, а најтопло со 2 степени е во Гевгелија.

Во изминатите 24 часа е паднат дожд со по 1 l/m2 во Крива Паланка, Берово, Пожар, Охрид и Виница.

Висината на снежната покривка до 07:00 часот изнесува 34 сантиметри на Попова Шапка, 18 во Крушево, 11 во Маврови Анови, 4 во Берово и 1 сантиметар во Ѓуриште.