Еспресо 40, а хамбургер 100 денари, две лежалки и чадор за 150 денари - еве како се движат цените во Преспа

Преспа периодов е полна со туристи. За разлика од Охрид, цените во преспанскиот регион се далеку пониски и поприфатливи за туристите. 

Еспресо можете да испиете за 40, а макијато за 50 денари. Кока Кола 60, а пиво 70 денари. Хамбургер се продава од 90 до 100 денари, додека пак пицата е околу 200 денари. 

Ноќевање за едно лице се движи од 600 до 1.000 денари, што е повисока цена за разлика од минатите године, овој период. 

Две лежалки и чадор можете за земете за околу 150 денари.