Есенско хортикултурно уредување: Се разубавуваат зелените површини во Карпош

Општина Карпош започна со есенското хортикултурно уредување од плоштадот „Делфина“ во Влае.

На овој плоштад од вработените во Одделението за заштита на животната средина и природата при Општина беа засадени 2.500 парчиња од цвеќето „Viola tricolor“, како и 1.000 парчиња „Brassica“ и 1.000 парчиња „Hrizantema“, во зелена, бела и виолетова боја.

Оваа акција на есенско цветно аранжирање и разубавување на зелените површини ќе продолжи и во наредниот период, на сите плоштади кои се наоѓаат на територијата на Општина Карпош.