Есенски прошетки - најубавата активност во овој период

Иако често ги избегнуваме телесните активности во текот на летото поради жешките температури, сепак немаме причина тоа да го правиме и во текот на есента. Доаѓаат посвежи температури, убавите бои се околу нас и време е да создадеме здрави навики. Вашето здравје и линија ќе ви бидат благодарни. Станува збор за одењето.

Есента е најдобра за градење нова навика и создавање рутина

Можеби е време кога тргнувате на факултет или училиште, или пак вашите деца. Ова е одличен период кога можете да заборавите на автомобилот и да додадете една здрава навика во својот распоред. Пешачете колку можете и каде сакате.

Времето не е ниту топло,ниту студено

Високите или ниските температури често се причина зошто престануваме да вежбаме. Без огромната топлина и претераната влажност во воздухот, лесно можеме да уживаме во прошетките.

Ќе јадете поздраво

Ако решите да живеете поздраво и сте телесно активни, тоа ќе ве мотивира и да се храните здраво. Есента носи убави намирници како што се тиквата, смоквите, шипките, мандарините и јаболките.

Ќе го одморите умот

Ако ви е стресен и напорен денот, пешачењето навечер е одлична активност за да го одморите умот од многуте обврски и одговорности. Така, ќе го победите и лошото расположение и ќе успеете да заборавите на сите лоши моменти од тековниот ден.

Ќе спиете подобро

Познато е дека телесната активност придонесува за подобар сон. Ако пешачите долго и тоа го правите пред спиењето, ќе забележите дека станувате поспани порано и порано одите на спиење.