Еликсир на младоста: Само за две недели ќе ја забележите разликата

Оваа витаминска бомба, односно лековит еликсир е одличен и проверен лек за зголемување на хемоглобинот, подигнување на нивото на крвните зрнца и подобрување на општата крвна слика.

Потребни состојки:

200 мл мед

200 гр ореви

200 гр суво грозје

200 мл сок од моркови

200 мл сок од цвекло

2 лимони

Начин на подготовка:

Измијте ги лимоните и исечете ги на половинки, а потоа измелете ги со кората. Потоа, ставете ги во голема тегла од 1 литар. Во смесата на мелени лимони, додадете го медот, цедениот сок од цвекло и моркови и потоа измешајте.

На крајот додадете ги мелените ореви и сувото грозје. Повторно измешајте и така ќе добиете 1 литар здрава и вкусна смеса, која треба да ја чувате во стаклената тегла во фрижидер.

Јадете ги на празен стомак, за идеален почеток на денот. Земајте три пати дневно по 1 лажица, пред јадење.