Елиф Шафак: Ако сме истата личност пред и по љубовта, тоа значи дека не сме сакале доволно

Елиф Шафак е турска писателка која е родена во Стразбур во 1971 годин а која сега живее во Англија.

Таа е една од најнаградуваните современи турски писатели која пишува за љубовта, пријателствата, загубата, честа и религијата. Ова се некои од најпознатите мисли. 

Ако сме истата личност пред и по љубовта, тоа значи дека не сме сакале доволно.

Не постои такво нешто како прерано или предоцна во животот. Сè се случува во вистинско време.

Книгите нè менуваат, тие нè спасуваат. Го знам ова, бидејќи ми се има случено.

Секоја вистинска љубов и пријателство се приказни на неочекувана трансформација. 

Нека љубовта ве најде тогаш кога најмалку очекувате, онаму каде што најмалку се надевате.

Престанете да трчате по брановите. Оставете го морето да дојде до вас.

Љубовта не може да биде објаснета, но таа објаснува сè.

Кога ги имате двете очи затворени кон светот, трето око се отвора во нашето срце.

Како го гледаме Бог е директна рефлексија на тоа како се гледаме себеси. Ако Бог ни носи вина и каење, тоа значи дека во себе имаме премногу страв и вина. Ако го гледаме Бог со љубов и разбирање, такви сме и ние самите.

Ниту едно око не гледа толку јасно како окото на љубовта.