Електронските цигари се штетни за забите исто како и класичните

Е-цигарите можат да им штетат на забите и непцата на ист начин како и класичните, покажуваат последните истражувања. 

Резултатите од лабораториските истражувања спроведени на примероци од непце на непушач и корисник на е-цигари, покажуваат дека тврдењата дека електронските цигари се поздрава алтернатива се целосно неточни! Се покажало дека користењето на електронските цигари предизвикува лачење на протеини слични на оние при воспаление, во станиците на забното месо, што ја зголемува шансата од заболување од низа болести на усната шуплина. Ризикот расне паралелно со фреквенцијата на користење на е-цигарите. Дополнителен ризик е забележен доколку се користат хемиски препарати кои им даваат арома на електронските цигари. Е-цигарите, понатаму, како што е познато содржат никотин, кој и самиот е голем причинител на заболувања во устата и непцето.