Еден од најпознатите шпански спортски весници „Ел Мундо Депортиво“ пишува дека 100.000 лица го пречекаа европскиот шампион Вардар во главниот македонски град Скопје.

-За мала земја како Македонија, освојувањето на титулата европски шампион претставува национален празник, експлозија на радост која ги надмина сите очекувања. Доаѓањето на хероите извади на улиците 100.000 лица. Ова е огромна бројка, ако се земе во предвид дека Македонија има нешто повеќе од 2 милиони жители, пишува престижниот „Ел Мундо Депортиво“.

Покрај „Ел Мундо Депортиво“, со обемна статија за пречекот на Вардарци е одбележан и во уште еден престижен шпански весник, „Ас“.
„Ас“ пишува дека над 100.000 лица излегле на улиците да го пречекаат шампионот, што претставува пет проценти од вкупното население.

-Околу пладне, околу 100.000 лица учествуваа во дочекот на тимот, кој со авион пристигна од Германија. Потоа, со отворен автобус ракометарите се упатија кон плоштадот, притоа отпоздравувајќи со фановите кои беа насекаде покрај патот, пишува „Ас“ и додава дека шпанските репрезентативци биле ѕвезди на забавата.