Експертите советуваат како да се однесуваме на плажа годинава

 

Летото почна и носи сончеви денови и годишни одмори. Годинава луѓето повеќе отколку кога било сакаат да избегаат на море после неколку месеци изолација поради пандемијата на корона вирусот. Конрад Валишчевски, сосновач и директор на апликацијата TripScout, вели дека верува оти плажите ширум светот ќе доживеат вистински туристички бум. Поради тоа, прашањето кое најчесто се поставува е како треба да се однесуваме на плажа годинава.

„Секоја активност надвор од домот деновиве носи одредена доза ризик. Добрата вест е дека просторите на отворено се побезбедни од затворените простории затоа што воздухот надвор повеќе циркулира. Еве за што треба да се грижите“ вели епидемиологот Ангела Фусаро.

Експертите за јавно здравство и понатаму се против небитни патувања затоа што заканата од корона вирусот е уште тука. Ако, сепак, одлучите да одите на летување, Фусаро советува да ги избегнувате плажите кои се преполни.

Бидејќи многу плажи се широки и нудат сосема доволно простор, можете да се држите до правилата за социјално дистанцирање. Широките плажи се попримамливи и посигурни за уживање на отворено. На плажа ќе имате доволно место за семејството да може да седне, да легне и да ужива без непосреден контакт со останатите посетители на плажата.

Избегнувајте затворени простории како јавните купатила и трпезариите или барем обидете се да се држите на растојание од два метри во тие простории. Се разбира, како и секогаш мора редовно да се мијат и да се дезинфицираат рацете.

Маските за лице играат значајна улога во сузбивањето на пренесувањето на корона вирусот, па затоа е битно да се носат на места каде што не може да се почитува социјалното дистанцирање. Експертите советуваат на плажа да носите хранa која сами сте ја приготвиле. Ако користите маси за пикник, први избришете ги со марамчиња за дезинфекција. Ако мислите дека можеби сте биле изложени на корона вирусот, битно е да се тестирате. За среќа, тестирањето на корона вирусот сега е многу поедноставно отколку претходно.

.