Ексдиректорот на АЕК се разведе преку фејсбук: Не бил повеќе директор за да ги исполнува нејзините мегаломански желби

Поранешниот директор на Агенцијата за електронски комуникации,  Роберт Орданоски синоќа на својот фејсбук профил објави дека се разведува од својата досегашната сопруга, бидејќи не бил повеќе директор за да и ги исполнува нејзините мегаломански желби. 

Во фејсбук статусот тој го честита роденденот на својата ќерка, а сопствената жена ја нарече фотошоп барбика.

„Уште еднаш, среќен роденден на мојата прва љубов, штета што мајка и, фотошоп барбиката Агнеса Орданоска не е тука, на 17-иот роденден на нејзината првородена ќерка, има поважна работа, подготвува документи за развод од нејзината поранешна љубов од која, по нејзини зборови, се оладила, најверојатно поради тоа што таа љубов не е повеќе директор и не е во можност да и ги исполнува нејзините мегаломански желби и потреби, се надевам ќе си најде солвентен партнер кој ќе може тоа да го прави место мене.“, напиша Орданоски на фејсбук.

Тој во својот статус се заблагодари и на хотелот Молика за кој се погрижиле за неговиот престој.

Орданоски подолг период беше директор на Агенцијата за електронски комуникации, а по неговото разрешување извршуваше и други високи раководни позиции.