„Екобригадата“ ги исчисти училиштата и градинките во Центар

Општина Центар ја почна акцијата за чистење на училиштата и градинките кои се на нејзина територија. „Екобригадата“ ги кастри дрвјата, ја коси тревата, го чисти ѓубрето и комплетно ги средува училишните дворови. Со специјална течност се дезинфицираат патеките и игралиштата. 

Од основното училиште „Ј.Х. Песталоци“ со камион се однесени пет тони отпад. По чистењето на основните училишта, веднаш почнува и чистењето на градинките.

Ова е редовна акција на Општина Центар за чисти и уредени дворови на училиштата и градинките.