Еко играчки за сите градинки во Карпош

За сите градинки во Општина Карпош празнично им беа доделени еко-играчки.

На овој начин, старите и пластични играчки се заменуваат со играчки изработени од еколошки материјали, со цел да се обезбеди поголема безбедност на најмладите карпошани за време на играта и едукацијата, како и за заштита на животната средина.

Преку заедничкото претпразнично дружење дечињата имаа можност од поблиску да го запознаат градоначалник на Карпош, Стефан Богоев, а притоа добија и уверување дека секогаш ќе биде достапен и посветен на нив.