Екипите на ЈП Водовод и канализација во изминативе денови отстранија повеќе дефекти на терен

Екипите на ЈП Водовод и канализација  во текот на изминативе денови покрај редовните теренски проверки и работни активности, интервенира на неколку локации низ градот.

Со цел непрекинато и квалитетно водоснабдување за скопјани преку Секторот водовод и канализација се работеше на отстранување на дефекти на улиците Дренак бб, Наум Охридски бр.6, Стојна Стефкова бр. 146,  Благоја Стефковски бр.99, Тиранска бр.42, ул.6  во Сарај, ул.3/55 во Батинци,  ул.Христо Татарчев бр.14/2, ул.Јадранска магистрала, ул. Горно Лисиче бр. 41, бул. Александар Македонски кај ЈСП, ул. Волково бр. 70, ул. Козле 173, бул. Борис Трајковски, ул. Стојна Стефкова бб и ул. 3-та Македонска бригада.

ЈП Водовод и канализација продолжува посветено да работи на одржување на водоводната и канализационата мрежа во град Скопје, како и брзо и ефикасно да ги санира дефектите  на  терен со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.