Ефремова за новогодишните украси: Наместо да полнат душа, ни го полнат домот и Земјата со пластично, кич ѓубре

Инес Ефремова, ликовна уметница и активистка, со инетресен став за празничната треска која речиси секогаш подразбира конзумеризам, осносно купување на се и сешто. 

Во својата објава на фејсбук, вели дека појма нема зошто досега сакала да си ја преполнува куќата со пластични и синтетички кич украси. 

-Зарем не би било поубаво да си создадете своја, уникатна традиција, која не мора да ја купувате по молови?- праша таа. 

Ова е нејзиниот став со малку поинакви поенти од оние кои се широко распространети во време на капитализам и конзумеризам. 

-Таквите „традиции“ немаат врска со моето потекло/минато, затоа што не сум од Скандинавија или Англија. Исто, немаат врска ниту со Христијанството иако го користат терминот Christmas. Немаат врска со мене по ниту еден основ, единствено медиумии ми ги натурале од мали нозе.

Но, имаат многу врска со конзумеризам кој сака само празна, надворешна форма без суштина. Верувам дека наместо да полнат душа, ни го полнат домот и Земјата со пластично, кич ѓубре. Истовремено, ги полнат и џебовите на оние кои експлоатраат работници впрегнати во таа „празнична“ машинерија. Ѓубре за душа, ѓубре за околината. Ништо „свето“ и „празнично“ тука нема.

Славете што сакате. Само прашајте се кого славите и дали навистина тоа го сакате или по "monkey see, monkey do" инерција повторувате туѓи одлуки.