Едноставна вежба која може да ни помогне да заспиеме побрзо

Кога на нашето тело му е потребен одмор, најлесно е да легнеме и да гледаме телевизија.

PHOTO: ANDREW CLARK

Но, најчесто во ваквите ситуации, она што ни е потребно е да се ослободиме од тензијата и добро да се истегнеме. Една од најдобрите техники ни помага и подобро да заспиеме.

Станува збор за многу едноставна поза, која можете да ја направите дури и додека гледате телевизија. Само исправете ги нозете нагоре на ѕидот и потрудете се така да останете неколку минути.

Многу луѓе го сметаат истегнувањето како одличен начин за подобрување на физичкото здравје, но тоа помага и за зголемување на нивоата на серотонин и подобрување на нашето ментално здравје.

Оваа конкретна вежба го смирува нервниот систем и ни помага да се фокусираме на здивот, што понатаму помага да го победиме стресот и да се подготвиме за спиење. 

Зошто е толку ефикасна?

Таа помага да се фокусираме на исправање на нозете и да го смириме здивот. Дополнително, ги смирува изморените мускули во кои можеби е насобрана болка од долгиот и напорен ден. Или пак, ако сте биле изложени на студено, вашето тело можеби е згрчено од студот и оваа вежба помага да се стоплите. 

Она што е особено важно е дека крвотокот може лесно да се минува низ нашето тело, односно крвта да се движи од стопалата надоле низ нозете. На тој начин се смирува и долниот дел од грбот.