Едноставна салата со компири

Оваа салата се подготвува едноставно, а има одличен летен вкус.

Потребни состојки:

1 кг мали млади компири

4 парчиња сецкана сланина (150-200 гр.)

1 мала лажица мед

1 мала лажица сенф

1 голема лажица јаболков оцет

малку свеж магдонос

Исечкајте ги компирите на парчиња и сварете ги со малку сол. Штом се оладат, ставете ги во сад, во кој ќе ја додадете сецканата сланина, а потоа и останатите состојки.

Зачинете по вкус.