Едноставен трик кој ќе ви помогне брзо да заспиете

Постојат ноќи кога едноставно не можеме да заспиеме и се чувствуваме како да правиме се, но сонот никако не доаѓа. Пробуваме различни техники и почнуваме да се нервираме бидејќи наскоро треба да станеме од кревет, а знаеме дека не очекуваат многу обврски и не сакаме да бидеме изморени и нервозни.

Сепак, постои еден трик кој е толку едноставен со кој можете да заспиете за 30 секунди.

* Дишете низ нос 4-5 секунди

* Задржете го здивот 7 секунди

* Дишете низ устата 8 секунди

Потоа, смирено затворете ги очите и дозволете си да паднете во сон и убаво да се одморите.