Туристичките агенции, во пресрет на новогодишните празници, веќе почнаа да нудат еднодневни шопинг тури, а нajчести и најбарани се оние на поблиските дестинации во соседството.
Цените се слични како и пред пандемијата со тоа што, доколку не сте вакцинирани, ќе имате дополнителен трошок за ковид-тест.
Цените за еднодневна шопинг тура во Солун, која вклучува автобуски превоз и придружба, како и посета на Космос и Икеа, се движат од 1.000 до 2.000 денари.
Согласно новите мерки за влез во Грција, сите патниците мора да поседуваат некој од следните документи: сертификат за извршена вакцинација, негативен ПЦР тест или негативен рапид антигенски тест.
Деца до 12-годишна возраст нема потреба да имаат негативен тест, а постари од 12 години треба да поседуваат брз или PCR тест. За патниците кои не се вакцинирани дел од агенциите организираат и групно тестирање кое се доплаќа околу 600 денари.
Поевтини се шопинг турите во Врање, соседна Србија, За таму понудите, на попуст може да ги најдете и по цена од 350 денари, со вклучен автобуски превоз и придружба. Се патува со валидна лична карта или пасош. За ова патување потребен е сертификат за вакцинација или негативен антиген тест.