Еднодневната изложба содржи 15 илустрации од уметникот Трајче Павлов, оригинално работени за ексклузивното издание на „Сликовницата на Халки“, промовирана на крајот на октомври.
Идејата е со поставување на илустрациите, просторот на филијалите од нетипично галериски да се трансформира во простор каде што клиентите ќе се сретнат со уметноста.
Како поддржувачи на уметноста и културата, сакаме на нашите клиенти да им ја доближиме благородната природа на уметноста. Како банка на народот (halk на турски e народ), пред се’ мислиме на обичниот човек, кој можеби нема често можност за средба со уметничко дело во живо. Оттука и нашата желба да приредиме мало, пријатно изненад ување токму преку илустрацијата како најзастапен ликовен израз– вели Маја Наумова Савеска од Халкбанк.
„Сликовницата на Халки“ е концепирана врз важни теми за најмладите: другарство, толеранција, прифаќање, инклузија и борбата за здрава животна средина. Таа има и хуманитарна мисија - средствата од продажбата на секој примерок ќе бидат донирани за поддршка на децата без родители и родителска грижа згрижени во СОС Детско село.
Во филијалата покрај илустрациите ќе биде поставен и QR код за онлајн купување на „Сликовницата на Халки“.
Од Халкбанк велат дека Датумот и местото (филијалата) каде што следно ќе патуваат илустрациите исто така ќе бидат изненадување.
Уметноста е медиум за силни пораки.