Едно лице заврши во болница по пожар во охридско

Вчера во полицијата во Охрид било пријавено дека настанал пожар во угостителски објект во охридското село Пештани, сопственост на А.П.(44) од истото село.

Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид и од сопственикот, кој вдишал чад и бил пренесен во Општата болница во Охрид за укажување помош, соопшти СВР Охрид.

Увид изврши полициска екипа.