Една скопска улица утре затворена за сообраќај, ќе остане и без вода

Од ЈП Водовод и канализација-Скопје известуваат дека утре (четврток) поради уличен дефект ф-100 мм на ул. Христо Татарчев 22/4, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица, односно крак 22.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.

Наведената улица, исто така, нема да биде проодна за сообраќај.