Една скопска улица и еден универзитет утрово без вода

ЈП Водовод и канализација известува за прекин на водоснабдувањето за дел од корисниците на Чаир.

Како што информираат од таму, поради уличен дефект на улицата „Македонско Косовска Бригада“ бр.3/61 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Македонско Косовска Бригада, вклучително и Балкански Универзитет.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:15 часот до завршување со санација на дефектот.