
ЈП Водовод и канализација известува за прекин на водоснабдувањето, односно намален притисок во дел од населбите во општина Ѓорче Петров.
Од таму информираат дека поради уличен дефект на улицата Лука Геров, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населба Даме Груев, додека во Ново Село и Волково притисокот ќе биде намален.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:45 часот до завршување со санација на дефектот.