Една поинаква страна на градот: И Скопје има свој мост на љубовта!

Како и повеќето европски метрополи и Скопје има Мост на љубовта. На мостот кај МАНУ, кој го носи името Мост на револуцијата, се поголем број млади двојки својата љубов ја одбележуваат со заклучување на катанец на оградата од мостот.

Така, на едната страна, на средината на мостот, може да се забележат поголем број закачени катанци, а повеќето од нив се изгравирани со имиња, срциња или датум.

За едни, оваа практика е доста симпатична, за други е смешна и невкусна. 

Вакви мостови каде што катанците се закачуваат како симболи на љубовта се веќе подолго време се на туристичките мапи на европските метрополи, па така во Чешка, Франција, па и Кина, Тајланд, Уругвај има вакви мостовите чии огради се цели прекриени со катанци.

Најпознатиот мост на љубовта Мостот на уметноста, се наоѓаше во Париз, но тамошните власти ги отстранија истите, поради безбедноси причини. 

Корените на овој обичај на закачување катанци датира многу одамна и прв пат се појавил во Кина, а денес е проширено во целиот свет.