Еден од најпопуларните диџеи од Чикаго доаѓа во Скопје

Можеби еден од најдобрите диџеи во Џикаго и вистински андерграунд херој следниот четврток доаѓа во Скопје.

Со музика почнува да се занимава во далечната 1987 година, а познат e по името Jamie 3:26. Помеѓу познавачите на клубската музика важи за човек кој со своите оргинални снимки и ремиксови наоѓа вистински начин да ја задоволи слушачката популација.

Публиката во Скопје ќе има неповторлива можност да го види и слушне. Гостивањето на Jamie 3:26 е закажано за четврток (28-ми април) во ноќниот клуб Станица 26.