Еден малолетник и двајца мажи каснати од улични кучиња

Три лица биле каснати од улични кучиња во скопско.

Завчера во 09.45 часот во Полициската станица Драчево, Ј.Ѓ.(45) од Скопје пријавил дека на ул.„Иван Хаџи Николов“ бил каснат од куче скитник.  

Вчера во 15.50 часот во Полициското одделение Петровец, Б.Ј.(35) од с.Мршевци, скопско, пријавил дека во с.Мршевци бил каснат од куче.

Потоа во 20.50 часот во Полициската станица Центар, Б.Х.(42) од Скопје пријавил дека на Плоштад „Македонија“ неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.