Еден ќебап во градот станал 25 денари парче, а преку достава е 36 денари

Сите сме свесни за ценовниот шок кој се случи во изминатиот период, а тоа најдобро го почувствуваа граѓаните на својот џеб.

Новинарката Јорданка Ивановска - Јоци објави статус кој стана вирален за кратко време, а се однесува на цената на ќебапите во Скопје.

-Еден ќебап во градов стасал да биде 25 денари парче, а преку достава е - 36 денари. Мислиш продаваат најскапа јунешка кртина, а не едно минијатурно ќебапче составено од 50 отсто најевтино јунешко и овчо и 50 отсто кромид, вели Јоци.