Еден ден ќе запознаете некого и животот ќе добие смисла!

Сите тие непроспани ноќи, скршени срца, одбивања, невозвратени симпатии, моменти кои ве натерале да се сомневате во себеси, во љубовта и во целиот ваш живот. Се ќе се реши во моментот кога ќе ја запознаете таа посебна личност, во моментот кога ќе го прегрнете тој човек и ќе помислите: „Ова. Ова е тоа што го чекав.“

Затоа што вие ги чекавте нив, го чекавте тој момент и го чекавте тоа чувство.

И кога ќе ги најдете, тогаш едноставно знаете.

А знаете, затоа што тогаш одеднаш се добива смисла.

Нема да седите и да мислите „не знам што се случува“, ниту пак да се прашувате за оправданоста на вашите чувства. Затоа што вашите чувства нема да можат да бидат ставени под знак прашалник и вашите чувства ќе бидат сигурни и силни. Нема да седите и да се прашувате како изгледа љубовта, дали пеперутките се вистински и дали е можно да запознаете личност за која вашата душа ќе вели: „Баш тебе те чекав.“

Затоа што пеперутките ќе бидат тука, освен „љубов“ нема да имате друг збор со кој ќе можете да го опишете чувството кое го имате и вашите души ќе го кажуваат баш тоа.

Еден ден ќе запознаете некого и се ќе има смисла.

Времињата кога бевте победени, кога љубовта ви беше одземена, кога луѓето не ви ја возвраќаа љубовта. Тие нема да бидат важни. Тие нема ни да постојат во вашиот радар. Сите тие тешки и лоши времиња ќе изгледаат како далечен и блед спомен, затоа што ќе бидете фокусирани на таа прекрасна љубов којашто ви се случува.

Оваа личност којашто ќе ве сака толку целосно и прекрасно, ќе биде се што е важно.

Затоа што таа личност ќе ве сака онака како што заслужувате, онака како што секогаш сте сакале да бидете сакани.

И еднаш откако ќе ја пронајдете таа личност, ќе знаете.

Наместо да изгледаат како лузни од војна, тие лузни на срцето ќе изгледаат само како скалила кои воделе до љубовта. Наместо болни потсетници, тие раскнувања ќе изгледаат како животни лекции кои ве направиле личноста која сте денес. Наместо да се фокусирате на минатото, вие едноставно ќе бидете возбудени за иднината.

Затоа што тие лузни ќе избледат, тие лузни на срцето нема да бидат на вашиот ум и се што ќе сакате да гледате ќе биде личноста покрај вас.

Еден ден ќе сретнете некого и се ќе добие смисла.

На глас ќе ги пеете оние љубовни песни на кои порано превртувавте со очи, книгите со поезија ќе имаат сосема ново значење и дури смс пораките ќе прават да се смеете, затоа што ќе бидете заљубени.

Вашиот ум ќе биде смирен, вашето срце ќе се чувствува како да го пронашло својот дом и вие конечно ќе бидете способни да кажете дека сте ја пронашле вашата љубов.

Затоа што кога ќе ја пронајдете љубовта, се ќе биде мирно. Се ќе биде добро. Се ќе изгледа дека водело до моментот кога прв пат сте се погледнале и тоа е моментот кога вашиот живот засекогаш ќе се промени.

Еден ден ќе запознаете некого и животот ќе добие смисла.

Само треба да имате трпение за да ја дочекате таа личност.