Еден ден и ти ќе најдеш љубов...

Сите можат да најдат љубов. Таа постои за сите. Не е важно дали срцето ви било скршено. И не е важно ако сте единствени во вашето опкружување кои немате некого.

Не е важно тоа дека сѐ уште немате пронајдено љубовна песна која ќе ве потсетува на вашата врска или пак омилено место каде ќе ги делите прекрасните моменти.

Не е важно дали некој ве измамил и не е важно тоа што сѐ уште немате почувствувано пеперутки во вашиот стомак или ако немате некој за кого ќе сонувате. Не е важно ако ги поминувате вашите ноќи без да мислите на некого.

Не е важно. Знаете зошто?

Затоа што еден ден ќе пронајдете личност која ќе прави вашето срце да бие побрзо и ќе бидете среќни што во вашиот живот имате човек кој ве поттикнува да сонувате и да живеете со полни гради.

Не мора да се грижите за љубов и за тоа дали ја имате или не во животот. Ќе се случи кога ќе се случи – кога треба да се случи. Не молете за нечија љубов или внимание. Не ви треба тоа, вие вредите многу повеќе од тоа.

Љубовта е како искра. Доаѓа одеднаш и кога ќе дојде, чувствувате топлина во срцето и одеднаш сѐ е магично.

Секоја рана ќе се излечи и секоја болка ќе исчезне. Ништо не е вечно: животот, болката, љубовта...

Но, кога љубовта ќе пристигне, кажете му на вашето срце да направи место за таа конкретна личност. Кажете му/ѝ: „Добре дојде, смести се удобно“.

И двајцата го заслужувате тоа.