Џем од банани и чоколадо

Ова досега не сте го пробале – џем од банана и чоколадо. Морате да го пробате, бидејќи има одличен вкус.

Потребни состојки:

5 банани

150 гр шеќер

1 лажица сок од лимон

50 мл вода

70 г чоколадо за готвење

Начин на подготовка:

Бананите испасирајте ги со помош на вилушка и додајте го сокот од лимон. Ставете во тенџере и додадете ја водата. Гответе на лесен оган, 8-10 минути, со непрекинато мешање. Потоа додадете ги коцките чоколадо, па гответе уште неколку 7-8 минути.

Ставете го џемот во тегли и чувајте го на студено, во фрижидер.