Џафери: Јас кога ќе одлучам, тогаш ќе свикам седница

Претседавачот со конститутивната седница во Собранието, Талат Џафери, во изјава за ТВ21 истакна дека засега нема план за тоа кога ќе свика продолжување на седницата.

– Врз основа на моите надлежности, кога ќе одлучам тогаш ќе ја свикам. Јас засега немам никакви планови – изјави Џафери.

Тој вчера преку објава на Фејсбук ја одложи конститутивната седница, наведувајќи дека му се родил внук.