Двоен поврат на ДДВ? Што можете да направите?

Повеќе граѓани реагираат дека и понатаму добиваат двојни исплати преку системот МојДДВ, за поврат на данок. 

Од УЈП сè уште немаат воведено стандардна процедура што може граѓанинот да направи во ваков случај, веднаш штом ги добие парите на својата трансакциска сметка. 

Според искуството кое го споделуваат корисници на Твитер, постојат две решенија:

-Од УЈП самите ќе забележат дека е направена грешка и ќе ви испратат порака на мејлот со кој сте регистрирани на системот, со инструкции како да ги вратите парите, или

-Истата сума ќе биде одбиена од следната исплата на МојДДВ за следното тримесечје.